Останете поврзани со Вашите онлајн
пријатели
Можете да ги синхронизирате
информациите од контактите на
Вашиот уред со контакти што ги имате
на социјалните мрежи. Кога
дозволувате синхронизација, можете
да видите информации од профили на
Ваши контакти, како што се нивни
слики и ажурирања на статус, во
апликацијата Контакти на Вашиот уред.
Синхронизација на Ваши контакти и
повраќање на ажурирања на статус се
мрежни услуги. Може да се применат
тарифи за роаминг и пренос на
28 Контакти
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
податоци. Ако услугата за социјална
мрежа не е достапна или не
функционира правилно, можеби нема
да можете да синхронизирате или да
повраќате ажурирања на статус.
За да започнете со синхронизација на
Вашите контакти, одете до
прилагодувањата на апликацијата за
социјална мрежа на Вашиот уред,
одберете пристапна точка и поставете
фреквенција за автоматска
синхронизација.
За да ја исклучите врската помеѓу
Контакти и услугата за социјална
мрежа, во прилагодувања на
апликацијата на услуга за социјална
мрежа во Вашиот телефон, исклучете
го означувањето на полето Вклучи.
Ова својство може да не биде достапно
во одредени региони.