За Bluetooth
Bluetooth технологијата Ви овозможува
безжична конекција помеѓу
електронски уреди во опсег од 10 метри
(33 стапки). Bluetooth конекцијата
може да се користи за испраќање на
слики, видеа, текст, бизнис картички,
белешки од календарот, или да се
поврзете безжично со уреди кои
користат Bluetooth технологија.
Бидејќи уредите кои користат Bluetooth
технологија комуницираат користејќи
радио бранови, Вашиот уред и другите
уреди нема потреба да бидат во
директна видлива линија. Двата уреди
само треба да бидат во опсегот од
максимум 10 метри еден од друг, иако
конекцијата може да биде попречена
од пречки како што се ѕидови и други
електронски уреди.
Неколку Bluetooth конекции може да
бидат активни истовремено. На пример,
ако уредот е поврзан со слушалки,
можете исто така да префрлувате
дадотеки на друг компатибилен уред
истовремено.
Овој уред е во согласност со Bluetooth
спецификацијата 2,0 + EDR што ги
поддржува следниве профили:
Advanced Audio Distribution, Audio/Video
Remote Control, Basic Imaging, Basic
Printing, Device ID, Dial-up Networking,
File Transfer, Generic Audio/Video
Distribution, Generic Access, Generic
52 Конективност
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
Object Exchange, Handsfree, Human
Interface Device, Headset, Object Push,
Phone Book Access, Serial Port и SIM
Access . За да осигурате
интеропратибилност помеѓу другите
уреди што поддржуваат Bluetooth
технологија, користете додатоци за
овој модел што се одобрени од Nokia.
Проверете со производителите на
другите уреди за да ја утврдите нивната
компатибилност со овој уред.
Функциите кои што користат Bluetooth
технологија ја зголемуваат
побарувачката на енергија од
батеријата и го намалуваат животниот
век на батеријата.