Nokia 6700 slide - Префрлување на содржина од друг уред.

background image

Префрлување на содржина од друг

уред.

Одберете >

Settings

>

Connectivity

>

Switch

.

Со апликацијата Префрлување, можете

да префрлувате содржини, како на

пример контакти, помеѓу два

компатибилни Nokia уреди.
Типот на содржина која може да биде

префрлена зависи од моделот на

уредот од кој сакате да ја префрлите

содржината. Ако другиот уред

поддржува синхронизација, можете да

синхронизирате податоци меѓу другиот

уред и Вашиот уред. Вашиот уред Ве

известува доколку другите уреди не се

компатибилни.
Ако другиот уред не може да биде

вклучен без SIM картичка, можете да

вметнете SIM картичка во него. Ако

Вашиот уред се вклучи без SIM

картичка, автоматски се активира

offline профилот.
Префрлување на содржина

За да повикате податоци од Вашиот

друг уред за прв пат:
1 Одберете го типот на конекција што

сакате да го користите за

префрлување на податоците. И

обата уреда мора да го

поддржуваат типот на поврзување

кој ќе го одберете.

2 Одберете го уредот од кој сакате да

ја префрлите содржината. Ќе

бидете прашани да внесете код на

Вашиот уред. Внесете код (1-16

цифри), и одберете

OK

. Внесете го

истиот код и во другиот уред, и

Конективност 51

© 2010 Nokia. Сите права се задржани.

background image

одберете

OK

. Уредите се сега

спарени.

Кај некои модели на уреди,

апликацијата Префрлување се

испраќа до другиот уред во вид на

порака. За да се инсталира

апликацијата Префрлување на

другиот уред, отворете ја пораката,

а потоа следете ги упатствата.

3 Од Вашиот уред, одберете ја

содржината што сакате да ја

префрлите од другиот уред

Содржината се префрлува од

меморијата на другиот уред во

соодветна локација во Вашиот Уред.
Времето на префрлување зависи од

количеството на податоци кое треба да

се префрли. Можете да го откажете

префрлувањето и да продолжите

подоцна.
Синхронизацијата е двонасочна и

податоците во двата уреди се еднакви.

Ако некој објект се избрише од било кој

уред, тој се брише од другиот уред кога

се синхронизирани; не можете да ги

повратите избришаните објекти со

синхронизирање.

За да го видите дневникот за

последното префрлување, одберете

некоја кратенка во главниот приказ и

Options

>

View log

.